Македонија
20. February 2019 - 22:46

Мицковски: Се апсат луѓе врз изјави на сомнителни лица

Уапсените функционери на ВМРО-ДПМНЕ не се виновни. Власта апси за да скрике дека нејзиниот рејтинг е во слободен пад, обвини лидерот на опозицијата.
Мицкоски вели дека целта на власта со ваквите апсења е да предизвика страв и да го исутрка ВМРО-ДПМНЕ кон бојкот на претседдателските избори. Мицкоски порачува дека ВМРО-ДПМНе ќе победи на изборите по што ќе следи и промена на власта и одговорност за оние кои според него јха злоупотребиле правдата

Мицкоски не може да каже кој од ВМРО-ДПМНЕ ќе одговара пред законот, реагираат од СДСМ 

„Мицкоски денеска застана зад нападот на уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија тој ден. Очигледно исфрустриран од сопствената безидејност, од загубената поддршка кај граѓаните и немоќта да го одбрани криминалот на Никола Груевски. Затоа Мицкоски се заканува кон судии и обвинители, се меша во судството, зборува за убиства.. Нема Мицкоски да кажуваш ти кој е виновен а кој не од белиот дворец, туку судот и надлежните институции.“ – стои во писмената реакција на владејчката партија.