Македонија
16. July 2019 - 16:13

Мицковски бара притвор за Јанева, вели дека рекетот е диктиран од власта

Вчерашниот ден беше само театар за да се спасат вистинските нарачатели на криминалот. Опозицискиот лидер Мицкоски денеска на прес конфернеција изрази јавен сомнеж дека зад рекетот со посредство на СЈО се вклучени луѓе од врвот на власта. Мицкоски праша дали силата на Катица Јанева доаѓа директно од премиерот Заев и дали во домот на Боки 13 високи функционери на СДСМ заедно со специјалната обвинителка ги договарале обвиненијата.

Опозицискиот лидер порача дека за ВМРО-ДПМНЕ Специјалното обвинителство е завршена работа.

Мицкоски порача дека по вчерашниот скандал, нема граѓанин на Македонија кој верува дека зад криминалот, рекетот и корупцијата не стои премиерот Заев. Затоа, како што рече опозицискиот лидер,на земјата час поскоро и требаат предвремени парламентарни избори по кои според Мицкоски правдата ќе се врати во Македонија а оние кои го прекршиле законот соодветно ќе бидат казнети.