Мицкоски: Жртва сум на црна кампања и лаги од СДС за Град Скопје затоа што им гори под нозе
Вие во услови на ваква криза и инфлација кога граѓаните едвај крај со крај врзуваат, да плаќате стотици илјади евра народни пари или без разлика дали се крадени од тендерите кои се вообичаена пракса на СДС или од редовното финансирање на партијата. Во вакви услови на енергетска и финансиска криза да трошите за црна кампања, тоа значи дека некому многу му гори. Ги повикувам сите органи на прогонот, еве уште вечер уште утре да излезат и да истражат. Ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го истакна во неговото гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија, говорејќи за скапата црна кампања која се води против него од страна на СДС за проектот пречистителна станица.
Запрашан за обвинувањата од страна на градоначалничката на Град Скопје дека влијаел на овој проект, Мицкоски истакна дека не гледа како би можел да биде инволвиран кога целиот проект бил воден од луѓе кои не се од ВМРО-ДПМНЕ, но и покрај тоа Европската инвестициона банка јасно кажува дека проектот е воден според сите правила и процедури.
„Имате од банката која што, верувајте ми јас не познавам човек кој што може туку така да си игра играчки со таа банка, вели дека се е според правилата и процедурите. Дури овие луѓе кои што сега ги споменувам, иако не се ВМРО-ДПМНЕ банката вели дека тоа што досега го направиле, а тоа беше до пред некој ден, велат дека е се според правилата и процедурите“ потенцираше Мицкоски.
Тој исто така, ги повика сите органите на прогонот како и канцеларијата на ЕУ со брза акција да го истражат овој случај и ако има злоупотреба да излезат и да кажат кој злоупотребил.
Ново на Сител
-
Кривична за 26-годишник од Скопје, кој на 16 август лажно пријави за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром
-
Гутереш го повика Израел да го запре проектот за населување на Западниот Брег
-
Конференција „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“
-
Ким ги поздрави севернокорејските команданти и војници кои се вратија од рускиот Курски регион
-
ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно
-
Апелациски суд во САД дозволи депортација на 60.000 имигранти од Хондурас, Никарагва и Непал
-
Џ. Д. Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина
-
Поради пожар забрана за сообраќај на регионалниот пат Македонски Брод - Скопје