Мицкоски: Земји кои вршат имунизација го одложиле пописот, а неспособната влада на Заев не
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска уште еднаш побара одложување на пописот веднаш, посочувајќи дека здравјето на граѓаните не смее да биде заложник.
-Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува дека нема одложување на пописот, обезбедени биле најбезбедни протоколи. А во меѓувреме, соседна Србија која е рекордер во имунизирано население на Балканот, соседна Бугарија, Романија, Косово го одложуваат пописот поради загриженост од енормно ширење на пандемијата, пишува Мицковски на Фејсбук.
Како заклучок, тој наведува дека „најнеспособните велат имаат безбеден протокол за успешен попис, а рекордерите го одложуваат пописот поради тоа што сакаат да го заштитат здравјето на граѓаните и да спасат човечки живот“.
-Здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на Заев, Филипче и Симовски. Одложување на пописот веднаш. Ќе одговарате!, пишува лидерот на опозициската партија Мицковски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка