Мицкоски: Земјата се соочува со целосна стагнација на сите полиња
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар на партијата Игор Јанушев и потпретседателот Владо Мисајловски денес оствари средба со претседателите на партиите од Коалицијата за подобра Македонија.
На средбата беше разгледана моменталната општествено – политичка ситуација во државата, зголемениот криминал и корупција, како и загубената надеж на граѓаните во правната држава.
Последните случувања со случајот Рекет и милионското изнудување на пари од бизнисмени, беа оценети како поразителни за правниот систем. Таквата криминална операција која траела со месеци е оценето дека не е можно без знаење на највисоките претставници на власта.
Недејствувањето на ЈО и другите институции, што се огледува преку развлекување на истрагата, ја загрозува нашата европска иднина, и истото е поразително за државата. Недозволиво е поради криминогеноста на власта да страдаат граѓаните и државата.
Мицкоски истакна дека Македонија се соочува со целосна стагнација на сите полиња. Особено во економска сфера. Граѓаните се сѐ посиромашни. Земјоделците понижени, лекарите незадоволни, образовните работници немотивирани.
Заклучено е дека се потребни што е можно побрзи предвремени парламентарни избори, за да се стави крај на агонијата во која е западната државата. За веднаш по изборите да се пристапи кон систематско решавање на проблемите на граѓаните во насока на обнова на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски

