Мицкоски: Заев и неговиот тим се неспособни да примат донирани вакцини
Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски вели дека власта е неспособна да ги прими дури и донираните вакцини од Србија за кои се чека одобрение од компанијата „Фајзер“ за да можат да се пренаменат за македонски пазар.
Во однос на најавите дека кинеските вакцини треба да пристигнат по кинеската Нова година рече дека досега поминале многу празници, а вакцини сѐ уште нема.
-Поминаа многу празници, православни, христијански, католички, Нови години, Божиќ, поминаа и Водици, поминаа многу празници. Еве ќе дојде и кинеската Нова година и таа помине, можеби ќе дојде и Рамазам бајрам, ќе дојде и Велигден, но неспособноста на Зоран Заев и тимот околу него и лагите ќе останат. Дај Боже, вакцините да стигнат што поскоро, но и овие кои пристигаат како донација не сме подготвени да ги прифатиме. Ниту сме кадарни, ниту имаме план, рече Мицкоски.
Според него, веќе не вреди ниту да се критикува власта, бидејќи, како што рече, станува збор за луѓе со образ ѓон.
-Ниту критиката, ниту било што ги погодува. Така што, ајде да ги охрабриме што побрзо да ги донесат вакцините, но се сомневам дека и тоа ќе се случи, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола