Македонија
4. November 2018 - 16:14

Мицкоски за Сител: Очекувам жесток одговор на уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори

Во интервју за Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека одлуките кои стигнуваат во Собрание ги добиваат сосема неочекувано. Како пример тој го посочи вметнувањето на Охридскиот договор во амандманите каде што претходно не ни било во предвид да се дискутира на оваа тема за подоцна да се види дека тоа не е точно. Според Мицкоски ваквото несериозно однесување од страна на Владата автоматски повлекува и промена на стратегијата за тоа како треба да се делува.

-„Јас очекувам една жестока критика на сето она кое што ќе биде предложено од страна на владејачкото мнозинство и од страна на Владата и во рамките на комисиската расправа а потоа и во рамките на собраниската расправа од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за Подобра Македонија. Сето она кое што претходно го излажаа од страна на владеачкото мнозинство да биде демаскирано и презентирано пред македонската јавност да види со какви политичари има работа по кој знае кој пат, кои што едно зборуваа претходно, а друго всушност имплементираат на дело“ рече Мицкоски.