Мицкоски: За само 4 дена во декември, ЕСМ авансно ќе плати 6 милиони евра за увоз на струја
За само 4 дена во декември, ЕСМ авансно ќе плати 6 милиони евра за увоз на струја, авансно плаќаат за авансно да земат провизии, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.
- Нов увоз на струја и ново “херојско” грабање народни пари. Имено за само 4 дена во Декември, АД ЕСМ авансно ќе плати околу 6.000.000€ за увоз на струја. Дневно, авансно и “херојски” ќе потроши по 1.500.000€ за увоз на струја.
Криминалот и неспособноста на “хероите” во владата за само 27 дена од 7ми Ноември до 4ти Декември оваа година ги чини граѓаните точно 28.719.253€.
Нема за студентски оброк но затоа има да се полнат џебовите на “хероите” во владата со пари од народот.
Авансно плаќаат со народни пари за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има!!! - пишува Мицкоски.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен