Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: Секој има право да си праќа писма, но моите чувства за прогон се се посилни

Секој има право да си се допишува и да праќа писма, но моите чувства се се посилни, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за став на информацијата дека лидерот на СДСМ Венко Филипче испратил писма до сите официјални институции во ЕУ, но и до сите амбасадори во земјава по изјавата на премиерот дека има чувство оти можеби ќе има прогон на поранешни функциониери од сегашната опозиција.
СДСМ претходно денеска соопшти дека Филипче упатил официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија, како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ за „сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија“.
-Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и основните принципи на уставноста. Постои реална и основана загриженост дека извршната власт спроведува координирана стратегија за навлегување во судската независност, што укажува на јасна и систематска инсталација на авторитаризам, стои во писмата во кои директно се посочува улогата на премиерот Христијан Мицкоски и се нотираат најавите со закани врз опозицијата и најавата за политички прогон.
Изјавата дека премиерот има чувство дека набргу, високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството итн ќе бидат опфатени со одредени прогони, според СДСМ е изјава за политички реваншизам претставува директна закана за демократскиот плурализам.
Во изјава од пред два дена Мицкоски истакна дека очекува опозицијата да биде критичка и во своите редови и доколку поранешни високи функционери од претходната влада на СДСМ бидат опфатени во одредени прогони, да излезат на прес-конференции и да ги повикаат на одговорност.
- Очекувам истата оваа опозиција да се однесува вака критички како што сега се однесува кога имам чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат вакви прес-конференции и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку ќе ги повикат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност, изјави тогаш Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Иран го разгледува американскиот предлог додека Трамп вели дека војната ќе заврши „брзо“
-

Евакуацијата од крузерот погоден од хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе
-

Федерален судија објави наводна проштална белешка на Џефри Епстин
-

Променливо облачно време со повремен локален дожд и ветер од јужен правец
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
