Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање

Премиерот Христијан Мицкоси денеска повторно порача дека Владата ќе поддржи и примени договор за повисока плата помеѓу работниците и работодавачите, истакнувајќи дека за минималната плата мора да постапува по закон.
-Понудивме зголемување на платите на административните службеници за околу 40 проценти, ССМ го одбија покачувањето! А во делот на минималната плата, согласно закон, ние мораме да постапуваме според закон. Ќе има зголемување и нивелирање. Првиот момент кога работниците и работодавачите ќе се договорат, ние како странка тоа ќе го поддржиме и ќе го примениме, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук, споделувајќи го неговото вчерашно излагање во Парламентот на оваа тема.
Мицкоски вчера на пратеничко прашање посочи дека понудената опција сè уште стои на маса до сите административни службеници и оти кога тоа ќе се реши, 99 проценти од администрацијата ќе имаат регуларан однос со Владата како работодавач.
На административните служби потсети дека уште мината година им понудиле зголемување на платите од март 2026 година до истиот период 2028 година за речиси 40 отсто под услов изнаоѓање формулација на еден заеднички колективен договор, што, наведе, било одбиено од ССМ.
МИА
Ново на Сител
-

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод
-

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини
-

Официјално отворање на шестата еко-акција Генералка викенд
-

Над 27.000 деца ќе учествуваат на „Плазма - Спортските игри за млади“
-

Облачно со дожд и ветер
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
