Мицкоски за изјавата на Шкодране Дардишта: Ова се луѓе заглавени во минатото
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Тема на денот на Сител на прашање за денешнарта изјава на Шкодране Дардишта одговори дека таквите закани со згрозување ги чита и ги заборава.
-Таков тип на закани не би сакал да ги коментирам освен со згрозување да ги прочитам и да ги заборавам. Посебно не би сакал нејзе да ја коментирам бидејќи е сепак дама и како човек што ги почитува дамите нема да навлезам во било каква дебата со нејзе, но како човек кај мене таквиот тип на закани ствараат контраефект односно таква акција ствара сериозна реакција,, не би сакал да коментирам нешто што не враќа назад во минатото, ова се луѓе кои се заглавени во минатото, рече Мицкоски.
Мицкоски смета дека таа веднаш треба да биде отповикана од таму од каде што е предложена од страна на владата и го прокоментира ставот кој го прочитал од аналитичар кој вели дека кога јавноста ќе ја дознае платата која што таа ја зима како член на одбор на Македонски Телеком тогаш ќе видат дека чизмите одамна прашина фатиле, тука некој друг вид на обувки се носат.
Ново на Сител
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи