Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека дијалогот на работната група за Изборниот законик ќе се откочи откако „обединетата опозиција - Левица, СДСМ и ДУИ“ ќе дојдат на состанок со предлог.
- Тие не доаѓаат. Левица ги интересираат парите за да одат на Халкидики, да си купуваат имот и за да прават кафулиња. СДСМ не знам што сакаат. ДУИ можам да кажам дека знаат што сакаат, ама тоа е невозможно - рече Мицкоски.
Тој им порача да се договорат и оти тоа што тие ќе го договорат ќе биде прифатено, при што останува барањето за олеснување на гласањето на дијаспората за претседателските избори во 2029 година.
-Нека седнат, нека се договорат, тоа што тие ќе се договорат ние ќе го прифатиме, а условот на ВМРО-ДПМНЕ е да се олесни гласањето на дијаспората од претседателските избори во 2029 година. Тоа го бараме, мислам дека не бараме премногу - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
