Македонија
13. July 2023 - 16:43
Мицкоски возврати: Навреда ми е да зборувам за уставните измени
Оние кои и посакуваат добро на Македонија, наместо да вршат притисок за уставни измени, може да извршат притисок за борбата со криминалот и корупцијата. Во пресрет на средбата со дипломатската тројка испратена од Брисел Мицкоски порачува - ,,Не би сакал да бидам разочаран и навреден''.
По серијата најави на владини претставници дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои ќе поддржат уставни имзени Мицкоски повторува- ,,Доста е приказни. Изборите се решение''.
Стартот на собраниската процедура за Уставните измени Владата ги најави пред крајот на месецов. Владини претставници се надеваат дека во текот на постапката ќе успеат да ги убедат опозициските пратеници да дадат поддршка, нешто што не им оди од рака веќе цела година.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->