Мицкоски во посета на општина Петровец

Денеска сме овдека на еден навистина прекрасен момент кога се гледа како се вложува во иднината и развојот на една општина.
Градоначалникот на општина Петровец е пример кој што треба да го следат и сите оние други неуспешни градоначалници коишто се во Република Македонија се разбира. Денеска жителите на овие населени места во општина Петровец добија навистина пристојни услови за функционирање, услови коишто се навистина идеални, се разбира идеалното колку што може да се биде во денешно време во Република Македонија.
Средствата кои што се обезбедени како што кажа и градоначалникот, се обезбедени од ИП фондовите и истите се наменски искористени за овие проекти на кои што денеска присуствуваме.
Јас би посакал и во иднина на истите оние градоначалници кои што денеска гледаме како му слугуваат на деспотот Заев да го следат овој пример и конечно наместо мудрување и правење работи кои што навистина повеќе личат на реално шоу отколку на вистинско работење на градоначалник, да го следат примерот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и така да продолжат да работат, да инвестираат во развојот на нивните општини, а на тој начин ќе инвестираат и во развојот на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
-

Американец ја тужи АИ: Чет-ГПТ и помагал на мојата сопруга да испланира како да ме убие
-

Релативно топло со повремен локален дожд до сабота, од недела заладување и стабилизирање на времето
-

Трамп призна дека претерал со депортациите и дека тоа му наштетило на изборите
