Мицкоски: Во недела ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи кандидатурата на Данела Арсовска
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека во недела ќе се знае дали неговата партија ќе ја поддржи независната кандидатура на Данела Арсовска за градоначалничка на Град Скопје.
- Прочитав на социјалните медиуми дека Данела Арсовска го собрала потребниот број на потписи согласно позитивните законски прописи да биде кандидат на следните локални избори за градоначалник на Град Скопје. Ѝ посакувам многу успех, и посакувам среќа ѝ посакувам сѐ она што го зацртала во нејзината кампања и во нејзината програма да го реализира. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде познат во недела бидејќи тогаш ќе заседава Извршниот комитет и Централниот комитет на партијата. Данела Арсовска и јавно побара, колку што ги следам нејзините јавни настапи, општествена и политичка поддршка. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија, ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто е секогаш со и заедно со народот. Ја имаме отприлика нејзината визија разговарано, нејзината програма е веќе доставена до партиските тела. Така што, в недела ќе одлучуваме и јавноста ќе биде запознаена, рече Мицкоски во изјава за Сител Телевизија.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции