Мицкоски: Во 2022 година очекувам предвремени парламентарни избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, очекува веќе следната година да има парламентарни избори на кои, како што вели, ВМРО-ДПМНЕ со големо мнозинство ќе ја формира идната влада.
-Во 2022 година очекувам предвремени парламентарни избори, и ќе работиме да има предвремени парламентарни избори, а потоа очекувам со големо мнозинство ВМРО-ДПМНЕ да формира нова, стабилна влада која ќе може да се справи со предизвиците кои оваа влада не може да ги реши, истакна Мицкоски вчера во гостување на ТВ21.
Мицкоски објасни дека предизборното коалицирање со некои од албанските партии како можност зависи од многу фактори кои се пред се заедничките интереси и заедничката платформа која треба да се формира која треба да ги содржи вредностите од новиот општествен договор од втората епоха кој беше промовиран на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски најави дека во следниот период следуваат и промени во структурата на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека е можно проширување во делот на менаџментот на партијата, како и во Извршниот комитет.
-Ќе поканиме општествено активни ликови, секако до нив е дали ќе ни се придружат. И мислам дека тоа би било една фина комбинација која што може да понуди би рекол, алтернатива и со која што би излегле пред граѓаните да ја бараме довербата, вели Мицкоски.
Појасни дека тоа се однесува на составот на ИК, а можно е вели, проширување и во делот на врвниот менаџмент на партијата.
-Од понеделник ќе седнам, сега за сега не сум правел детални анализи и профили, но тука не би требало да има некои позначајни изненадувања. Јас зборувам за составот на ИК и луѓето кои што ќе работат. Можеби ќе има и проширување во делот на врвниот менаџмент на партијата. Можеби ќе има проширувања во делот на ИК на партијата. Така што еве да не прејудицираме да оставиме на времето, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
