Македонија
10. јуни 2022 - 16:34

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не е имотот, дефокусот нема да ја спаси СДСМ од народот

Конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во „Талир“ има за цел да ја дефокусира јавноста од катастрофата која СДСМ и ДУИ ја донесоа во Македонија и да го свртат вниманието од фактот дека од ден во ден, владата се повеќе тоне. 

Опозицискиот лидер на прес конференција рече дека власта тргнува против ВМРО-ДПМНЕ само за да не се зборува за ценовните шокови, енормната инфлација и сиромаштијата во која што живеат граѓаните. 

Рече дека целиот предмет е отворен надвор од рокот за водење на постапката а го почнала Катица Јанева која во тој момент немала овластување да подигнува обвиненија. 

Мицкоски рече дека неговата партија ќе вложи жалба, а по создавањето на условите за случајот ќе го префрли и во Стразбур. 

Потенцираше дека е задоволен од резултатите на активната блокада во Собранието и изрази загриженост за економската ситуација во која се наоѓа државата во моментов.

Мицкоски потона во криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, за „Талир 2“ се е јасно, да ги врати украдените пари, порачаа од СДСМ.

Виде народот денеска дека Христијан Мицкоски ја разбира правдата исто како неговиот ментор Никола Груевски.

-Тој да седи во скапиот бел дворец, со вазни од 180.000 евра и плочки од 100.000 евра и да кажува на судот како да суди. Во судскиот процес „Талир 2“ се е јасно, ВМРО-ДПМНЕ на незаконски начин се стекнала со имот меѓу кој и Белиот дворец и уште 30ина простори низ државата. Наместо да бараат изговори, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат парите велат од СДСМ во писмено соопштение.