Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ на брза лента Македонија ќе ја внесе во ЕУ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Нетпрес посочи дека во овој момент евроскептицизмот, некако се поставува како еден вид кочница и бариера за да се даде дополнителен притисок.
„Исто така, многу можно е и дека се во право некои кога велат дека станува збор за можен притисок врз земјите аспиранти за членство од регионот, да ги завршат оние свои домашни задачи. Голем дел од државите од регионот сѐ уште ја немаат завршено домашната задача, но исто така, пак, ако ова ниво на коешто сега е Македонија, не заради Зоран Заев, туку заради реформите коишто се направени во минатото, го споредиме со нивото на некои земји членки на Европската унија, кога биле кандидати и кога преговарале, можам да кажам дека е во многу подобра позиција. Имаме земји членки, коишто денес се дел од Европската унија, па ги немаат спроведено тие реформи“, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека оваа владејачка гарнитура не освен што немаат потенцијал, туку цени и дека делуваат изгубени. Во една прилика не знаел дали е сон или јаве кога прочитал дека планираат да ангажираат професионални преговарачи, платени преговарачи од земји членки на Европската Унија, коишто ќе преговараат заедно со тимови од наши институции со Европската комисија. Но, потоа ја прочитал веста уште еднаш, двапати и сфатил дека не е сон, туку дека е навистина јаве.
„Ја гледам ВМРО-ДПМНЕ како идна влада кој ќе го отвори тој процес и тогаш сум уверен на брза лента, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и како партија, но и како структура и како политика, би рекол, може да организира сериозна група интелектуалци, не само во Македонија туку и надвор, коишто практично можат овој процес да го изведат онака, токму на брза лента. И ценам дека, ако се споредуваат капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тогаш далеку, далеку се поголеми на ВМРО-ДПМНЕ од оние кои ги поседува СДСМ. Така што, би рекол, дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ може многу брзо да го изоди овој пат. Не го зборувам ова субјективно, туку силно верувам во тоа што го зборувам“ нагласи Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација