Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати старото законско решение и се обврзува на чесна откупна цена на тутунот
Штотуку заврши средбата со неколку здруженија на тутунарите во Прилеп и прилепско, разговаравме за актуелната состојба и за тешката реалност која тие и нивните семејства ја живеат.
Од состанокот може да се дојде до заклучок дека среќна е Македонија што има вака честити и вредни домаќини за свои граѓани, но тешка е судбината и реалноста на нивните семејства поради тешкиот живот кој го живеат, а е резултат на лагите на политичките измамници, без разлика дали се естрадни политичари или такви какви што пред избори ветуваат се и сешто, а потоа забораваат што ветиле.
Само да напоменам неколку факти. Имено, оваа година родот на тутунот во Македонија е нешто помал од родот во 2019 година. Ако тогаш просечна цена беше околу 220 денари, денеска според институциите таа е 159 денари, а од она кое што денеска го слушнав од тутунопроизводителите, цената е за 10 денари помала, односно 150 денари е просечно исплатената цена.
Не се задоволни од проценката на класите. Често пати повисока се проценува за пониска класа и на тој начин се исплаќа пониска цена за откупената количина на тутун.
Она што може да го слушнам денеска е и нивното противење против законот кој владата го предложи за отуѓување на земјоделското земјиште во Македонија и молбата од нив кон пратениците и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, силно да се спротивстават на носењето на ова законско решение.
Сосема на крај, се обврзав како претседател на најголемата политичка партија да застанам позади барањата на тутунопроизводителите и тутунарите, да го вратиме она коешто на нив сега им е скратено, во првата прилика кога ќе може ВМРО-ДПМНЕ да управува со институциите и со владата. Истовремено иницираме враќање на старото законско решение за тутунот и се разбира да застанеме позади барањата на тутунопроизводителите, а тоа е чесна откупна цена и вистинска проценка на тутунот.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец