Македонија
20. May 2021 - 16:13

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите за осудените од 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Штип во одговор на новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи протестите за осудените од 27 април изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не е организатор но ги поддржува протестите кои што во крајна цел имаат правда.

„ВМРО-ДПМНЕ има прецизен став по тоа прашање, станува збор за луѓе кои што се неправедно осудени, и квалификувани како терористи, тоа е срам за судскиот систем што дозволува еве до ден денеска, се уште тие луѓе да не можат да користат вонреден правен лек, односно да можат да ја обжалат пресудата на второстепениот апелационен суд  и до врховниот и до ЕСЧП односно Евроспскиот суд за човекови права, ние јасно и гласно кажавме дека да, тие можеби го прекршиле законот, т.е. да дел од нив и признаа пред судот и цитирав јас дел од нив кој што велеа да, ние признаваме дека го прекршивме законот но ние сме подготвени да одговараме за тоа што сме го прекршиле законот но не сме терористи да одговараме за тероризам. Така што апсолутно одговорот е да, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржува, не е организатор, но ќе ги поддржува протестите кои што во крајна цел имаат правда односно секој еден да има можност да ја докаже својата невиност за тоа што е осуден, нормално доколку постојат докази за некое друго сторено кривично  дело или прекршување на законите тогаш оставаме на судските власти да судат и да пресудуваат понатаму. Но она кое што го направи тогашниот би рекол колуквијалец, кој што потоа стана уставен судија Кацарска, е се само не е правда и не е правдина и ние се бориме против таквите судии, кои што под политички притисоци, политички се фаворизирани во судството. Тоа е она кое што ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во иднина  да го практикува“, нагласи Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ