Македонија
29. May 2021 - 9:34

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара со сите опозициски партии кои сакаат оваа Влада да замине

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара со секој оној кој цени и мисли дека Зоран Заев и СДСМ треба да си заминат од власт. Мицкоски во врска со разликите во стојалиштата на различните партии направи споредба дека и во едно семејство секој нема да се сложува со секој но генерално доколку се има заедничка цел, а тоа е градење на семјеството тогаш разликите се надминуваат. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски појасни дека доколку се има заедничка цел која што е цел над сите цели, а тоа е симнување од власт на Заев и СДСМ, борба против корупцијата и стагнацијата  во државата  тогаш ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне и да комуницира за заедничките разлики.

„Секој оној кој што цени и мисли дека Зоран Заев и оваа Влада на СДСМ лошо работат, подготвен сум со секого да седнам и да разговарам. Видете и дома нема да се сложувам секогаш со Јован, Рози и Антонио. Генерално имаме една заедничка цел да го градиме нашето заедничко семејство.  Ако ние имаме една заедничка цел која што е цел над сите цели, а тоа е апсолутно да можеме да седнеме и да комуницираме за нашите разлики“, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара не само со Левица, туку и со сите други партии кои што се идентификуваат како партии кои припаѓаат на опозициското политичко крило, а кои сакаат оваа влада да замине.

„Не само со Левица и со Солза Грчева, и со сите останати кои што се идентификуваат како политички партии кои што припаѓаат на опозициското крило и кои што сакаат оваа Влада да замине се добродојдени да разговараме“, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија кажа дека СДСМ со својата  неспособност ја донеле економијата во катастрофална состојба. Имено, Мицкоски потенцираше дека една милијарда евра фали во буџетот на државата, а капитални проекти нема.

„Овие три години од  1 Јануари 2018-та година до  31 декември 2020-та година БДП производ  во Македонија е пораснат за 700 милиони евра, јавниот долг пораснал за една милијарда и 700 милиони евра, една милијарда фали, ја нема“,  рече Мицкоски.

Дополнително Мицкоски објасни дека власта континуирано се задолжува додека видливи разултати од тие задолжувања нема и нема додадена вредност туку напротив јавниот долг континуирано расте. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ направи споредба со кризата во 2007 година и кажа дека тогаш БДП пораснал за 4,3 милијарди евра, а дека долгот пораснал за само 2,9 милијарди при што имало додадена вредност од 1,3 милијарди за разлика од сега кога БДП е пораснат за 700 милиони евра додека јавниот долг пораснал за милијарда и 700 милиони евра.

„Видете еве споредете ги сите држави во светот вие можете да позајмите една милијарда и 700 милиони и тие да ги деноминирате со инфлацијата ако ги вратите назад и ќе бидат милијарда и 500. Еве да речеме, бидејќи е тешка година, но не можат да бидат 700 милиони. Еве две тешки години имаше, и 2009-тата и 2012-тата, во еден друг период. Еве да го анализираме периодот 01.01.2007 до 31.12.2016, БДП пораснал за 4,3 милијарди, а долгот пораснал за само за 2,9 милијарди, нели безмилосно се трошеа парите, а имаме додадена вредност од 1,3 милијарди. Нели тогаш СДСМ јавно зборуваше дека безмилосно се трошеле парите, дека оделе во непродуктивни трошења, еве го гледаме градоначалникот како на едно друго интервју кажува дека ќе биде во улога на Талибанец ќе рушел во Скопје со чеканот итн. Но, тогаш имаме раст на БДП од 1,3 милијарди. Сега имаме одземен БДП од една милијарда, тоа е проблемот, тоа е суштината“, заврши Мицкоски.

„Еден од двајцата сопственици кој што се жртва на овој рекет, на оваа изнуда, дојде кај мене во тој период и разговаравме. Ми го опиша настанот, и јас му реков види јас ниту сум истражен орган, ниту можам некако да ти помогнам и го упатив во МВР да даде исказ, овие да ги согледаат наводите кои што тој ги дава во исказ и врз основа на тоа да постапат. Претпоставувам дека отишол тогаш во МВР дал исказ, и тој исказ е содржан во една од двете верзии кои што јас ги презентирав пред јавноста“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување  во емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија.

Мицкоски додаде дека има две верзии на записник. Првата е откако еден од сопствениците дал исказ, МВР составило известување, а тоа известување достигнало во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и откако виделе дека таму се наоѓаат овие имиња кои што се поврзуваат со семејството на власт, отишле определени луѓе, постојат основани сомневање дека отишло лицето Лазе Велковски, ја земале првичната верзија од записникот и го корегирале. И потоа ја пратиле новата односно втората верзија на записникот од каде што тој дел каде што се споменуваат имиња на фамилијата блиска до власта го нема.

„Иако видите влезниот печат кај едниот и кај другиот документ се наоѓаат на различни делови од првата страна иако се со ист број“, укажа Мицкоски.

Мицкоски во емисијата „360 степени” на Алсат М телевизија околу својата вчерашна изјава во врска со случајот „Рекет на Вице” која ја даде за медиумите во Прилеп, истакна дека не ретерирал туку дека иронично се обратил до Обвинителството да истражи кое лице е вмешано во скандалот со РЕК Битола.

„Јас претпоставувам ја разбравте иронијата и сарказмот во мојата изјава, инаку јас зборував токму тоа лице Вице Заев и оваа фамилија на власт дека се длабоко замешани во вакви скандали уште многу пред ова да се објави на македонската јавност“, истакна Мицкоски.

Мицкоски во текот на емисијата рече – „Тоа беше дадено малку така повеќе саркастично и иронично, но очигледно дека политичкото изразување треба да биде подиректно и поконкретно. Но, еве благодарам на можноста да појаснам за да не биде дека како што вие велите правиме чекор наназад од брифингот, напротив само можам да го потврдам“.

Нормално е дека тие што се вмешани во овој скандал ќе го демантираат тоа рече Мицкоски.

„Нормално е седека нема да го потврдат тоа, вие зарем очекувате да излезат и да речат браво Мицкоски во право беше, не фати. Сигурно нема тоа да се случи“, вели Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ