Македонија
17. September 2018 - 16:43

Мицкоски: Важно е каков е ставот

Ако веќе имате став, зошто тогаш се плашите од ТВ дуел. Опозицискиот лидер Мицкоски не се откажува од барањето за јавно соочување со премиерот. Мицкоски на социјалните мрежи оговарајќи на прозивката на Заев порача дека вистинскиот став премиерот ќе го види заедно со сите гледачи на тв дуелот.

- И Квислинг имал став како вас, но бил запишан на темната страна на историјата. Поважно е каков е ставот. А кога сме кај стравот, зошто господине Зоран Заев страв од дуел, ако веќе имате став? Ајде на дуел да ги спротивставиме аргументите и да види народот како изгледате кога всушност немате став, ниту кичма и морал. И да видите што е вистински став. Римата е забавна, иако гледам имате време за тоа, но овде се работи за Македонија, нашата историја и иднина – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи. Неговата реакција следи откако вчера, премиерот на социјалните мрежи објави видео од една од дебатите во рамки на кампањата за референудмот со кое го повикува Мицкоски да го каже својот став за референудмот

Мицкоски и Заев беа првите политички лидери во Македонија кои седнаа на ТВ дуел по повеќе од една деценија.