Мицкоски: Важни се договорените датуми
За ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата важни се договорените датуми, 3 јануари, формирање техничка Влада и 12 април 2020 предвремени парламентарни избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Куманово, одговарајќи на новинарски прашања дали цврсто стојат на ставот дека изборите мора да бидат на овој датум. Мицкоски апелираше да надвладее мудроста и да не се делегитимира договореното на лидерската средба кај претседателот на државата, инаку не гледа причини зошто повторно би се одржувале лидерски за сериозни прашања за граѓаните.
– И таму се разговараше за можностите што денеска се дилема и кои денеска ги рефлектираат од страна на СДСМ и онаа загриженост која што ја рефлектираат. Мислам дека загриженоста повеќе се темели на стравот од катастрофален пораз на следните предвремени парламентарни избори, на тој начин доколку продолжи парламентарното мнозиниство вака да се однесува не само што ја загрозуваат демократијата, не само што влијаат врз изборниот процес туку комплетно го делегитимираат последниот лидерски состанок кај претседателот Стево Пендаровки и на тој начин само дополнително создаваат недоверба меѓу граѓаните во Македонија, изјави Мицкоски во Куманово по обраќањето пред граѓаните во рамки на караванот „Разговори за обнова за Македонија“.
Одговарајќи на новинарски прашања истакна дека и претходно предупредувале оти прогресивниот данок бил погрешен, но за него е важно сега кој ќе ги санира штетите и повика надлежните да ги вратат парите кон стопанството и граѓаните.
– Но, она што е за мене пострашно е што Зоран Заев, Кочо Анѓушев и останатите таму, кои се носители на економската политика, практично кажаа дека имале погрешна економска политика. Кој ќе ги санира последиците од таа економска политика и ги пуштија низ вода сите поранешни министри од редовите на СДСМ почнувајќи од Петар Гошев, Никола Поповски, завршувајќи со Драган Тевдовски. Не можам да се изначудам со каква леснотија излегуваат пред новинарите и велат нашата економска политика всушност била погрешна овие три години, кој ќе ги санира последиците. Имаат можност еве јас ја користам оваа прилика и апелирам до Зоран Заев и Министерството за финансии веднаш да ги вратат парите назад кај граѓаните и кон стопанството што ги наплаќаа како арач изминативе девет-десет месеци, да се вразумат, овие некоку месеци во заминување кои им преостануваат, да водат рационална политика, да не водат егзибиционистички политики, да не ја доведуваат државата во подредена положба и да не ги ставаат во непријатно, под уцена и притисок вработените во институциите да слугуваат на погрешните политики, рече Мицкоски.
По 12 април 2020, како што рече, ќе има одговорност и пред законите, но и пред граѓаните. Мицкоски смета дека граѓаните нема да заборават што се случуваше овие три години.
Во обраќањето пред кумановци, Мицкоски рече дека идната Влада што ќе да предводи ВМРО- ДПМНЕ
мора да биде најдобра, историски од осамостојувањето до денес. Вети многу работа, дека доаѓа обновата на Македонија која, како што рече, носи подобро утре, подобра состојба за сите. Власта, како што рече, постојано ветуваше, а не реализираше проекти од ниту една сфера, земјоделство, економија, здравство, образование. Тој вети враќање назад на македонизамот, за сите граѓани. Во наредниот период рече дека е потребна масовна мобилизација на граѓаните за победа која, како што посочи, ќе спречи било каков постизборен инжинеринг и да бидат најдобри од осамостојувањето до денес.
Ново на Сител
-
ССМ будно ќе ја следи примената на новогодишната кошничка
-
Кос: Мојот сон е Западен Балкан да се интегрира во ЕУ
-
Бугарија: И при десеттиот обид пратениците не успеаја да изберат претседател на 51-то Народно собрание
-
Мицкоски: Драго ми е што дел од партиите во опозиција се свесни дека треба да се изолираат екстремите
-
Полицијата го пронајде возачот кој пред два дена смртно прегази жена во Неготино
-
Струмица: Автомобил удри во малолетници кои туркале возило, две девојчиња се тешко повредени
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Бојкот на наставата ООУ „Лазо Ангеловски додека не се најде решение за проблематичниот третоодделенец