Мицкоски тврди дека криминалите не ги пере ниту Вардар, Заев бара истрагата да ги открие сите детали
Нов обвинител да го преземе предметот Рекет, да се одреди притвор на специјалната обвинителка Катица Јанева, а истрагата да се прошири и на нарачетелите од власта, побараа денеска од ВМРО-ДПМНЕ по објавата на новите аудио снимки од случајот во кои се слуша и самата специјална обвинителка.
-Вилма Русковска нема кредибилитет да го овој води случај. Потребно е случајот „Рекет“ да биде преземен од друг кредибилен Јавен обвинител и да биде проширена истрагата. Веднаш да се определи мерка притвор за Јанева и да се испита колку се предмети на СЈО биле користени за рекетирање. Рекет од вакви размери не може да се случи без знаење на врвот од власта. Зоран Заев мора да понесе одговорност. Власта треба да одговори и каква е замешаноста на Радмила Шекеринска која се споменува во видеото и дали таа знаеле или можеби и учествувала во милионскиот рекет, вели Јанушев
Претходно со свој Фајсбук статус одговорност од Заев побара и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој потсетува дека премиерот ја поставил Јанева како црвена линија во преговорите за новиот закон за обвинителство.
- Сите знаат дека силата на тој октопод кој изнудувал пари не се ниту прво, ниту второ осомничениот, туку власта преку слугите во обвинителството и судството ги легитимирала како нивна силна рака. Залудни се обидите за дефокусирање. Овој криминал на Заевци, надојден Вардар не го пере. Ако ваков криминал е блескањето со кое се фалат, тогаш премногу е, Мицкоски
По објавената снимка на Фејсбук се обрати и Заев.
Од неговата партија и денеска тврдат дека објавувањето материјалите поврзани со случајот „Рекет“ се сценарио на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на претходниот партиски лидер во азил Никола Груевски. За тоа што Јанева и самата ја призна автентичноста на снимката од владејчката партија бараат истрагата да покаже дали специјалната обвинителка ги прекршила своите овластувања.
Секој обвинител во својата работа разговара со обвинети осомничени. И тоа е сосема легитимно, тоа е дел од Законот за кривична постапка. Како впрочем, тој ќе ја води истрагата ако не разговара. Но, во кој контекст, каде и дали се надминати тие овластувања, тоа треба некој друг да даде одговор и се надеваме дека ќе го даде одговорот. Затоа што, доколку Катица Јанева, како специјална јавна обвинителка, ги злоупотребила своите овластувања, секако немаме намера да тоа го ставаме под тепих и да кажуваме дека тоа е нормално. Сигурно не може да биде нормално. Но, тоа треба да се докаже, вели Калевска
И од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, кои се во преговори и за новиот закон за обвинителство со кој се решава и иднината на СЈО, велат дека токму овој предмет е доказ дека треба да биде донесен ваков закон., Сепак, различно толкуваат чија верзија ќе донесе како што велат неселективна правда и објективен обивнител – онаа на власта или онаа на опозицијата.
К.н.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар