Мицкоски: Таква е реалноста во Македонија, граѓаните немаат пари за леб, а Заев си купува возило од 100.000 евра
Ова не се обични локални избори, ова се избори на кои што вие определувате во каков правец во иднина ќе се движи Македонија. Дали избираме правец во кој што ќе имаме многу реформи, многу проекти, ќе зборуваме за една нова поинаква иднина каде што нема да царуваат криминалот и корупцијата, каде што нема да има предавства, каде што нема да се случува демотивирања на нашите сограѓани, и иселување на младите, каде што ќе се почитува земјоделецот и граѓанинот. Или пак ќе бидеме иднина која што ќе наликува на денешната мрачна и тешка сегашност со многу криминал, со многу корупција, со многу порази, со многу предавства, со многу срам, со неквалитетно образование, распаднати индустрии, лоша економија и понижени земјоделци“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ од митингот во Јегуновце.
Мицкоски додаде дека тој е убеден дека сите граѓани на 17-ти октомври уште рано наутро во Јегуновце обединети и сложни ќе излеат и ќе го заокружат бројот 7.
„Со новата Влада, јас ви ветувам дека уште во првите 100 дена следи одговорност за сиот криминал, корупција, предавства, понижувања, омаловажувања и се она што се случуваше изминатите четири години“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека во првите пет дена од кампањата при разговарање со граѓаните заклучи дека граѓаните се многу разочарани од власта и нејзината неспособност. Земјоделците разочарани поради ниските цени на производите, откупот не оди, а субвенциите доцнат.
„Во Ресен пред настанот можев да зборувам со неколкумина јаболкопроизводители, велам каква е ситуацијата, велат многу тешко, јаболкото не оди, и тоа што го купуваат е два денари за килограм. Добро велам Заев беше тука, што му кажавте на него, дали разговаравте, побаравте ли помош. Јаболкопроизводителите велат што ќе побараме човекот дојде со ново БМВ, ново патничко возило, вредно ни помалку ни повеќе колку три милиона килограми квалитетно ресенско јаболко. Возилото на Заев чини 100.000 евра“, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека за жал таква е реалноста во Македонија, додека граѓаните немаат пари за леб, Заев си купува возило вредно 100.000 евра на грбот на граѓаните.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија
-
Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година
-
Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер
-
Нови правила на „Евровизија“
-
Како се постигнува автентична харизма?
-
АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
-
Историјатот на носењето брачен прстен