Мицкоски состави тим од 16-мина стратешки соработници
Со тим од 16 стручни соработници ВМРО-ДПМНЕ ќе гради програма за победа на следните избори, порача опозицискиот лидер на денешната прес конференција
Тимот на Мицкоски е интернационален. Меѓу соработниците има многу професори од домашните но и угледни светски универзитети, доктори на науки од Харвард, Универзитетот во Стразбур но и Македонци кои со години живееле во странство, истакнати бизнисмени и спортисти.
Меѓу нив се и двајцата поранешни претседателски кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска и Сашко Кедев, оперскиот пејач Игор Дурловски, репрезентативниот голман Борко Ристовски.
Мицкоски вели дека списокот е отворен а партијата подготвена да го прифати секој кој сака да се вложи во како што вели, обновата на Македонија. На премиерот Заев уште еднаш му порача да се соочат на избори
Формирањето на тимот на стратешки соработници е продолжение на активностите на опозицијата во пресрет на парламентарните избори. Од почетокот на годината, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно организира средби со граѓаните и партиските трибини во сите градови низ Македонија
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар