Мицкоски со сет мерки за помош на граѓаните, власта тврди дека се грижи за животниот стандард
Во земјава од денеска на сила е рекодното зголемување на цената на горивата. Дизелот е поскап за 10 денари по литар, бензините, за 5, 5 ценари. Цената на плинот пак се зголеми за 3 денари.
По ваквото покачување од опозициската партија не се откажуваат од своето барање и утрово лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, преку фб повторно ја повика власта да ја намали акцизата за горива за 50 проценти.
-Поскапувањето на бензините е жесток социјален удар врз граѓаните во секој поглед, врз вработените, невработените, земјоделците, индустријата, стопанството. Не е време за изговори. Владата итно да се откаже од половина од акцизата која ја добива од горивата и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој е заглавен низ собраниските лавиринти за намалување за 50 проценти на акцизата. 43% од цената на бензините се давачки кон државата за секој литар гориво. Да се намали ДДВ за храна. Наместо 5 проценти даночна стапка за храна, да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула. ДДВ-то на електричната енергија до крај на годината да остане на исто ниво на 5% И многу важно, раст на платите во јавниот сектор преку усогласување на коефициентот на тежина на работната сила со веќе договореното со колективните договори. Пари во буџетот има, нека престанат да крадат, нека се стопираат непродуктивните трошења, набавките за златни чинии, нека се контролираат јавните трошења, напиша Мицкоски на фб.
Од владејачката партија пак уверуваат дека владата прави се за заштита на животниот стандард на граѓаните. Од септември, пензионерите ќе имаат покачување од 900 денари во просек или годишно 12.000 денари плус пари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата.
Покрај новата методологија за забрзан раст на пензиите, Владата обезбеди и финансиска помош за секој пензионер од по 1.000 денари во месеците април, мај и јуни. Претходно се постигна договор за ново зголемување на минималната плата која веќе за овој месец ќе изнесува 18.000 денари. Тоа ќе поттикне раст на сите плати, но и повеќе пари во пензискиот фонд за редовна испата на пензиите. Во тек е подготовка на анализа и нови мерки кои наскоро ќе се најдат на владина седница. Следуваат таргетирани мерки со буџетска поддршка за стопанството со цел задржување на ликвидноста и работните места, како и мерки за ранливи категории за ублажување на ценовните шокови. СДСМ како одговорна партија и во време на глоблни кризи продолжува со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард и обезбедуваат услови за забрзан економски раст, пишува во соопштението на партијата.
Во меѓувреме на светските берзи цената на енергенсите руши рекорди. Домашните експерти велат дека тие се показател дека наскоро не може да се очекува стабилизаицја на цените на производите.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар