Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса

Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот нѐ потсетува дека вистинската сила на една држава не е само во нејзините институции, туку во срцето на нејзиниот народ. Во тоа како ги прифаќаме различностите и како се грижиме едни за други, истакна премирот Христијан Мицкоски по повод 2 април - Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот.
- Лицата со аутизам не се „различни од нас“ тие се дел од нас. Тие се наши деца, наши соседи, наши пријатели. Тие се огледало на нашата совест - објави Мицкоски на Фејсбук.
Како Влада, додаде премиерот, наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса, а различноста ќе се препознава и почитува како вредност.
- Денес не зборуваме само за свест зборуваме за акција. За подобро образование, за достапни услуги, за достоинствен живот. Да бидеме гласот на оние што често остануваат нечуени. Да покажеме дека силата на една држава се мери по тоа колку се грижи за своите најранливи. 2 Април - Светски ден за подигање на свеста за аутизмот - истакна Мицкоски во објавата.
МИА
Ново на Сител
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
