Мицкоски со концепт за иднината: Ќе го формализираме тргувањето со криптовалути

Ќе бидеме пионери или меѓу првите во регионот кои што ќе понудат формализиран пристап во трговијата со крипто валутите и „Blockhain“ технологијата, нешто што денеска многу млади луѓе не само во Македонија туку и во регионот, Европа, САД претставува сериозен исчекор кон иднината. Да одиме кон иднината, а не пасивно да ја чекаме таа иднина, за тоа што ако пасивно ја чекаме иднината никогаш нема цврсто да зачекориме кон иднината, кажа Мицкоски на вчерашната промоција „Македонија за сите луѓе“ во Карпош.
Мицкоски рече дека со формализирање на пазарот за крипто валути ќе се овозможи над половина милијарда евра да завршат во Буџетот. Тоа се половина милијарда евра за образование, за инфраструктура, за болници и за голем број проекти, потенцира тој.
Токму овој проект на ВМРО- ДПМНЕ ќе донесе развој на Република Македонија, овој проект ќе биде за добробит за граѓаните и за државата. Наместо полиња со марихуана ќе имаме модерни технологии и повеќе пари за народот. ВМРО-ДПМНЕ нуди политики за 21 век а СДСМ ја враќа Македонија во 19 век, истакна Мицкоски.
Тој истакна дека моментално пазарот на криптовалути има вредност од 2.5 трилиони долари, што е многу повеќе од капитализацијата на најголемитр светски банки, инвестициски фондови и големи фирми.
Македонија мора да фати чекор со иднината. Во Германија 40- тина банки вршат трговија со круптовалути и овозможуваат на своите клиенти да разменуваат биткоини или етериуми за пари, кажа Мицкоски. И дополни дека тоа ќе биде случај и во Македонија и тоа ќе значи голема можност и за граѓаните на Македонија и за луѓе од соседството да го врамат своето тргување во една легална законска рамка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
