Мицкоски со честитка по повод Свети Сава: Чествувањето на денешниот празник е порака за заедништво, почит и силна меѓусебна соработка

Почитувани припадници на Српската заедница во Република Македонија, дозволете ми во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ве поздравам и да Ви го честитам големиот празник Свети Сава, стои во честитиката по повод
-На 27-ми јануари српската заедница во Република Македонија го слави денот посветен на Свети Сава, српски светец и просветител, кој оставил траен белег во негувањето и ширењето на христијанска мисла на Балканот. Неговото дело и учење оставиле силни универзални вредности на балканските христијански народи, но и не обединуваат во заложбата за создавање подобра иднина. Ваквите празници се исклучително значајни во нашето заедничко почитување, како и почитувањето и зближувањето меѓу граѓаните. Од тие причини, но и од почит кон српскиот народ, веќе единаесетта година по ред го прославуваме овој празник откако по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и со поддршка на претставниците на српската заедница, установивме Србите во земјава да добијат свој официјален празник и датум за прослава, се вели во честитката и се додава:
„Поврзаноста помеѓу нашите народи не собирала на заеднички прослави во минатото и не собира на заеднички прослави и денес. Преку духот на празнувањето отсекогаш се гледала блискоста помеѓу народите. Меѓусебната доверба соработка и разбирање секогаш се темелеле врз почитување и врз негување на традициите на сите граѓани во Република Македонија. Чествувањето на денешниот празник е порака за заедништво, почит и силна меѓусебна соработка. Уверен сум дека и во иднина ќе продолжиме да работиме за напредок во секое поле од интерес на нашите народи и со силна волја ќе градиме подобра и просперитетна Република Македонија“.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски најавува паметен зелен бран за да се намалат гужвите низ Скопје
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-

Интензивна на Пулмологија исполнета со пациенти кои имаат компликации од грип
-

Блокирани се сите гранични премини, паркирани над 75.000 камиони ширум цел регион
-

Бизнисот брои штети, Комората смета дека блокадите не се решение
-

Гости во „Пулс“ сведочеа дека дискотеката немала помошен излез, не се издавале ниту фискални сметки
-

Претставено кипарско претседателство во Собранието, власта и опозицијата се докажуваа кој е поголем Европеец
-

Враќање на довербата во народниот правобранител - приоритет на Сељами кој ја превзема функцијата
