Мицкоски со апел за национално единство во преговорите со Бугарија
Подготвен сум да ја премостам секоја разлика само Владата да ги заштити националните интереси.
Опозицискиот лидер апелира на национално единство во преговорите со Бугарија. На власта и порачува да не влегува во шверцерски договор со официјална Софија
„Уште еднаш апелирам на национално единство за најважните прашања. Нека ја сфатат многу сериозно важноста на историските мигови кои ние како генерација ја носиме. И не знам зошто му е туѓо на Ковачевски да постигнеме национално единство? Ако барем се договорени шверцерски со Бугарија тогаш тоа треба јасно да го кажат уште сега. Затоа што идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ таков шверцерски договор нема намера да почитува. Ако него му е туѓо македонското, тогаш уште сега да си кажам дека тоа нам не ни е.“ – рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека е загрижен што Владата се повеќе бега од заеднички став со опозицијата околу спорот со Бугарија, тенденција кога смета дека ќе му донесе нов пораз на македонскиот народ.
Тој на отчетот на градоначалниците од источниот регион констатираше дека власта врши систематско уништување на општините кои ги водат кадри на ВМРО-ДПМНЕ значително намалувајќи ги дотациите во споредба со претходните години. Дополнителен проблем како што рече е енергетската криза која ја донела владата а сега ја плаќаат локалните самоуправи.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
