Мицкоски: Скопјани се смрзнуваа во текот на викендот

„Скопјани се смрзнуваа во текот на викендот, радијаторите беа ладни, а таму каде има можност се користат топлинските пумпи (клима уредите) или електричните греалки и дополнително се оптоварува електро-енергетскиот систем“, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа Фејзбук.
„Зошто ова се случува? Затоа што ТЕ-ТО произведува топлина кога произведува струја (когенерација-така е поисплатливо) или да бидам попрецизен ТЕ-ТО си склучил договор за jануари да продава пик профил од понеделник до петок, а во петок навeчер до понеделник наутро не работи бидејќи нема економска исплатливост да произведува само топлина за БЕГ.
Како да се надмине сето ова, да има топли радијатори и да има струја? Распишете веднаш тендер ЕЛЕМ (ЕСМ продажба) за набавка на струја (и така ви недостасува, па крадете наоколу) во периодите од денот кога ТЕ-ТО не работи со флексибилност од 0 до 200MW, намалете со трошење на увозен и скап јаглен и намалете со трошење на хидроакомулациите, ШТЕДЕТЕ, ќе ви треба, ќе биде долга и напорна (енергетски) година. Така ќе имаат скопјани топли радијатори, ЕЛЕМ (ЕСМ) ќе штеди ресурс и ќе има струја (која нема скапо МЕПСО да ја плаќа како крадената од околните држави)“, се вели во статусот на Мицкоски.
Ново на Сител
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Претседателски избори во Бугарија, 6,59 милиони граѓани со право на глас, фаворити Јотова и Ѓуров
-

И во Македонија денеска се гласаше за изборите во Србија и Бугарија
-

Цените на горивата со нов рекорд - по какви цени ќе се точи од утре?
-

СДСМ: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница
-

Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?
