Мицкоски: Си играат мајтап додека мафијата царува, јасно е дека имаат договор
Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски обвини дека власта направила циркус од државата.
-Доста со навреда на интелигенцијата на народот. Ја претераа. Човекот ве гледа во очи и ве лаже, мака нема. Си играат мајтап додека мафијата царува. Денеска стана совршено јасно за секој граѓанин дека имаат договор. Прво, се договорија да избега, па да се врати со посебен третман, со насмевка со шамар за полицијата, судот, Обвинителството, со шамар за власта. Вечерва недостасуваше уште да му се извинат, рече Мицкоски.
Според него, ова е потврда дека постои, како што рече, криминална коалиција меѓу Зоран, Вице и Сашо.
-Домашниот есап на пазар не излегува. Само жестока јавна реакција спречи целосно фијаско и бегство. Тешка хаварија за само неколку десетици часови го упропастија системот и по којзнае кој пат поплукаа по правдата. Дека се е договорено и дека нема логика тоа што тврди Заев, оти наводно жестоко го притиснал и го вратил бегалецот по правдата говорат следните факти. Доброволно тој се прошета пред камерата на провладина телевизија со прашање на новинарот кој што сосема случајно се најде таму. „О, господине, па вие сте овде“. Полиција нема, ама камера има – каква сапуница. Наместо во суд, упад за куќен притвор доби во Обвинителството, рече Мицкоски, додавајќи дека наместо ефективен, тој добил само куќен притвор.
Ново на Сител
-
Скопје: Запленета голема количина кокаин со проценета вредност од 10.000 евра
-
„BioCosmos“: Фабриката „Mirana“ не е зафатена, пожарот избувна од гром
-
500 луѓе и 120 возила на собир по полноќ во Струга, одземени 5 возила поради бучава
-
Сиљановска - Давкова: Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза и навредување
-
Поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари | ВИДЕО
-
На „Табановце“ уапсен Германец, запленета е марихуана
-
Измени во Законот за тутун за заштита на домашното производство: Забранет е увоз додека трае откупот
-
Најмногу дожд во Крива Паланка