Македонија
20. February 2022 - 19:43

Мицкоски: Секој кој ќе биде против лошиот договор со Бугарија ќе биде прогласен за анти-ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Темата на Денот во Дневникот на Сител кажа дека во спорот со Бугарија власта го има истиот пристап како во спорот со Грција.

-Повторно на мала врата ќе се бутка истата игра како што беше за името. Еден ќе потпише едностран договор заедно со другата страна и секој еден кој ќе биде против тој договор ќе биде против ЕУ, а тој договор ќе биде на штета на македонскиот идентитет. Потоа ќе почне приситок врз пратеници, а таа игра веќе сме ја гледале, бидејќи Ковачевски ги нема бројките во Парламентот. Во овој момент таков договор како што планира да го потпише Ковачевски нема бројки да помине во Парламентот и одбивам јас поради таков договор да бидам означен како анти-ЕУ.

-И ние бараме од Брисел да биде гарант за македонскиот јазик, кој е различен од бугарскиот, бараме гаранција за македонскиот народ кој има вековна историја. Кога сето ова ќе го видиме на маса, тогаш може да разговараме, кажа Мицкоски.