Мицкоски: Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни
Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни за квалитетен живот, порачаа денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари.
Како што истакнаа Мицкоски и Таравари во обраќањата на настанот по повод здравствените политики, мора јасно и транспарентно да се посочат предизвиците со кои се соочуваат институциите, а следниот клучен чекор е оптимизирање на финансирањето за проширување на позитивната листа.
-Пристапот до квалитетни лекови не е само приоритет, туку основна владина определба за заштита на граѓаните и поздрава иднина. Мора да се зајакне соработката меѓу сите институции од областа на здравството. Заедничкото делување ќе донесе одржливи решенија, истакна Мицкоски.
Според Таравари, Владата вети дека ќе го подобри пристапот до квалитетни лекови и тоа го реализира.
Во Владата се одржува политички дијалог на високо ниво „Предизвици и можности во процесот на проширување на листата на лекови кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување“.
На отворениот дел од настанот воведни обраќања ќе имаат: Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, Арбен Таравари, министер за здравство, д-р Наташа Азопарди Мускат, директор за здравствени политики и системи во регионалната канцеларија на СЗО за Европа и д-р Аким Али, претставник на СЗО за Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава