Македонија
17. July 2019 - 20:44

Мицкоски се сретна со американската амбасадорка Кејт Мери Брнс

Клучен стратешки интерес за ВМРО-ДПМНЕ е членството на Република Македонија во НАТО и Европската Унија, потенцирал опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на првата официјална средба со новата американска амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнс, одржана денеска, соопштуваат од партијата преку писмено соопштение.

Во него се вели дека Мицкоски на средбата нагласил дека за опозицијата пријателството меѓу Македонија и САД е од особено значење изразувајќи надеж дека соработката во текот на мандатот на амбасадорката Брнс ќе оди во насока на подобрување на стратешките односи меѓу двете земји.

Средбата на Мицкоски и Брнс доаѓа на два дена пред закажаната лидерска средба на која шефот на ВМРО-ДПМНЕ го откажа своето учество откако премиерот го одби неговото барање за предвремени избори.