Мицкоски: Работата е 12 и 5, а не 5 до 12
На прашање дали смета дека е грешка на градот Скопје и Данела Арсовска што не го презема управувањето со парно греење во ваква тешка енергетска состојба, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека не мисли дека е грешка.
- Не мислам дека е грешка. Зошто? Затоа што работата е 12 и 5, а не 5 до 12, односно некој ја направил веќе работата да биде таква каква што е со неодговорно и несовесно однесување, кажа Мицкоски во Дневникот на Сител.
Потенцира дека градот Скопје не може да ја спаси ситуацијата.
- Ние денеска имаме цена на гас на берзите која е 3 и пол илјади долари за 1000 нормални метри кубни. Јас кога зборував да влеземе во портфолиото на Австрија и на Унгарија ќе купувавме 450-500. Ние зборуваме сега за 3 и пол илјади долари, додава Мицкоски.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори