Мицкоски: Први дежурни кривци на Заев му се Димитар Димовски и Миле Јанакиески
Кога Зоран Заев сака да направи дефокус од катастрофата која и ја приредува на државата ги вклучува партиските механизми на полицијата, и правосудството и први дежурни кривци му се Димитар Димовски и Миле Јанакиески, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претставниците на Стопанска комора на Северо-западна Македонија
- Секогаш кога на Зоран Заев ќе му е потребно да направи дефокус од катастрофата со пандемијата, катастрофата со економијата, корупцијата, криминалот, хибридниот режим, тогаш ги вклучува механизмите коишто поседува, полицијата, обвинителството судството и веднаш потоа прв дежурен виновник е Миле Јанакиески, а потоа Димитар Димовски бидејќи е дел од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Тој истакна дека сите вклучени во таквиот процес треба да се свесни дека еден ден ќе мора да понесат одговорност за своите постапки, а тој ден доаѓа наскоро.
И такво едно обвинение слушам дека деновиве ќе биде објавено и навистина не можам да ги разберам зошто сето ова го прават, но треба сите тие кои се соучесници во сето ова да бидат свесни дека еден ден ќе има одговорност, а тој ден е се поблиску кога ќе одговараат за злоупотреба на службена положба и овластување, потенцираше Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари
-
Мицкоски предлага заедничка резолуција на Бугарија