Македонија
27. November 2019 - 23:27

Мицкоски: Програма базирана на владеење на правото и нулта корупција

Мицковски и оваа вечер на предизборни разговори со граѓаните, овојпат  во центарот на Скопје.

Лидерот на опозицијата  најави дека наскоро ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави својата програмата, која  ке се состои од два дела –владеење  на правото и дигитализација на земјата.  

Сепак во центарот на политичката понуда ќе биде борбата против корупцијата порача Мицкоски.

Мицкоски предлага и суштински промени во изборниот законик, по теркот на европските пракси. Тој бара воведување кандидат за иден мандатар, кој ќе биде носител на  кампањата која ќе ја спроведуваат политичките партии.

Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ упати и критики до власта дека потфрлила во реформите во сите сектори, а во земјата владее корупција и клиентелизам, поради што младите ја напуштаат државата.