Мицкоски: Предвремени избори заедно со претседателските

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашниот митинг пред Владата на Република Македонија побара одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.
Тој побара еднаков терен за сите политички партии, претседател на ДИК на предлог на опозицијата, формирање техничка Влада на 100 дена пред предвремените парламентарни избори, исто како што беше во 2016-тата кога, како што кажа СДСМ и нејзиниот претседател Зоран Заев ги изгубија изборите.
- Да видиме дали народот се согласува со ова што го прави Зоран Заев и СДСМ, рече Мицкоски.

Побара промена на политичкото однесување кое, според него, е драстично опаднато и се наметнати лажни стандарди и вредности.
- НАТО и ЕУ се вечен стремеж на нас и нашата генерација, одлична можност за државата и граѓаните, но промените во државата мора да почнат од нас самите. Мора да веруваме во себе и да веруваме во сопствените квалитети, рече Мицкоски.
Лидерот на опозициската партија рече дека на Македонија и треба и реформиран, одговорен и квалитетен СДСМ каде, како што кажа, има многу луѓе кои не се согласуваат со ова што се случува, каде има квалитетни луѓе кои можат да придонесат за доброто на Македонија.

- Но за да дојде и тоа, прво мора да се порази Зоран Заев, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше работата на Владата предводена од премиерот Заев во изминатата година посочувајќи дека очекувањата на граѓаните биле изневерени и дека нивното достоинство било урнато.
- Година пропуштена во нашите животи, година на неработа, создавање на поделби и хаос. Година на политички терор, апсења, упади, тортура. Година на економски неуспеси, на создавање трулеж во општеството, рече Мицкоски.

Ново на Сител
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
