Бизнис
23. November 2020 - 21:17

Мицкоски предлага полициски час, стручна ковид комисија и експертска влада

Воведување полициски час како единствено решение за излез од корона кризата. Ова го бара лидерот на опозицијата Мицкоски во интервју за Сител. И покрај негативните последици врз економијата, смета дека во моментов целта е да се спасат што е можно повеќе човечки животи. По примерот на речиси сите европски држави, но и соседните Србија, Бугарија и Грција, органичување на движењето и ЗАТВАРАЊЕ на бизнисот мора да има. 

-Денеска политиките на владата нѐ доведоа до бездна, или втора бездна. Ако воведеме полициски час тоа ќе се одрази негативно врз економијата, доколку нема полициски час, тогаш единственото нешто што ни останува е голем број на граѓани да ги загубат своите животи. Ако мене ме прашате – само здрави луѓе може да ја покренат економијата, рече Мицкоски, додавајќи дека потребно е да се спасат што е можно повеќе животи.

Мицкоски бара итно  формирање КОВИД комисија, каде ќе седнат најстручните кадри и ќе предложат решенија. Во моментов вели, ситуацијата е излезена од контрола, се бара кревет повеќе, пациентите молат за помош, персонал нема,  смртноста руши рекорди, а  цехот го плаќаат граѓаните. Го повика Заев да ги надминат политичките недоразбирања, да седнат на заедничка маса и да им покажат на граѓаните дека и во најтешките моменти - политичарите можат да се договорат.

Од СДСМ пак велат, наместо да помага, Мицкоски одмага сред најголемата брорба против корона вирусот. Не сочувствува со починатите, ниту со нивните семејства, туку сака да ги злоупотребува исто како и заболените од ковид, посочувајќи негови примери за прекршување на мерките за заштита од вирусот.

 Организираше протести на кои се прекршуваа мерките и се загрозуваше здравјето, ширеше лажни вести дека нема доволно тестови, кревање паника кај граѓаните дека нема доволно заштита опрема. Пишува СДСМ во реакцијата.