Македонија
10. May 2023 - 17:08

Мицкоски побара одговорност од Маричиќ за признанието дека се заобиколува процедурата

Владата го злоупотребува европското знаменце за да краде пари и не се срами да го признае тоа. Опозицискиот лидер денеска од Велес со порака до вицепремиерот Маричиќ. За брзо време ќе има нова Влада, а потоа ќе следи одговорност.

Мицкоски очекува поостра осуда од Брисел за злоупотребата на Европската Унија во намерата зад европското знаменце да го скрие договорот со Бехтел и Енка.

Владејачката СДСМ и покрај забелешките на Европската Унија нема проблем проектот да се турка под европско знаменце. Ја обвини опозицијата дека е против Европската Унија.

Со лаги и манипулации Мицкоски и Апасиев водат хајка и против изградба на стратешкиот проект со коридорите 8 и 10д.

Законските измени со европско знаменце заштедуваат 150 милиони евра на граѓаните и 2 години помал рок на изведба а важат не само за коридорите 8 и 10д туку и за проекти финансирани од ЕУ – велат од СДСМ

Со или без изгласани закони, Владата за во петок закажа поставување на камен темелник и на коридорот 10д откако претходно од најавениот камен темелник на коридорот 8 пред Гостивар стои само оваа табла и сметките за скапата забава за која Владата се уште не кажува колку сме  и платиле на омилената фирма на ДУИ, Арбериа Дизајн.