Мицкоски по средбата со бугарското МНР: Да се тргне ветото и да престанат условувањата кон Македонија
Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева оствари средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Мицкоски ја истакна загриженоста за европската интеграција на Македонија и побара да се отворат преговорите без условувања.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој е резултат на преговори во кој не учествува најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и преговори кои се на штета на македонскиот народ и неговиот идентитет. Оваа влада нема легитимитет да преговара и да ги нарушува македонските преговарачки позиции.

Мицкоски порача Бугарија да го тргне ветото без одложување и пристапните преговори да започнат што поскоро низ призма на европските вредности и критериуми.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
