Мицкоски по средбата со Ахмети: Во преговорите со Бугарија да не се коленичи и да се покаже карактер
По средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека разговарале на тема спорот со Бугарија.
- Разговаравме за две теми генерално, еден час траеше средбата, првата тема беше спорот со нашиот источен сосед каде што јас ги повторив нашите тези принципиелниот став да се почитува Резолуцијата усвоена од Парламентот, од сите политички партии и изразив загриженост поради фактот што колку повеќе ги напуштаме нашите преговарачки позиции, толку повеќе барањата од нашиот источен сосед се поголеми и на тој начин само се уништува преговарачката позиција и ништо не се добива за возврат, кажа Мицкоски.
Како што вели, тој и неговата партија сметаат дека во преговорите со Бугарија да не се коленичи и да се покаже карактер
- Јас лично и ВМРО-ДПМНЕ цениме дека треба да се напушти принципот на коленичење и сервилност, треба да се покаже карактер и да се вложиме максимално сите за да го покажеме тој карактер тоа е она коешто е моја порака, како и тоа дека доста е од срамови и понижување, народот е фрустриран затоа што многу отстапки направи во оваа наша независност, а во суштина уште сме во предворјето и не можеме да го почнеме тој процес на преговори. Тоа е нашата принципиелна позиција и таа позиција подготвен сум да ја бранам и со факти и со аргументи било каде и пред било кој, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Американската компанија „Вабтек“ нова странска инвестиција во земјава
-
Кривични пријави за пет лица за „злоупотреба на службената положба“ и две лица за „несовесно работење во службата“
-
Кога бев најпопуларна бев најтажна | Сузана Гавазова | Sitel Podcast 051
-
Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп
-
Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола порди сообраќајка
-
Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција
-
Филков - Гир: Спроведувањето на реформската агенда приоритет на државата
-
Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа