Мицкоски по повод 11 Октомври: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, порачувајќи дека народниот дух на пркост и непокор кој беше демонстриран на тој 11 Октомври трае и ден денес, тој е движечка сила за промени и подобро утро. Тоа е мислата која не влече напред, дека секогаш може и мора подобро - Ако нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, нашата цел е да ја развиеме Македонија.
-Оваа година одбележуваме 83 години од пркоста и желбата за слободна Македонија. Македонците на тој 11 Октомври 1941 година се впишаа на мапата на слободарските народи, кои заедно со Сојузниците од Втората светска војна го поразија Нацизмот и Фашизмот. Иако се соочуваме со предизвици, ние зачекоривме во ера на економска трансформација и назад од тоа нема. Цврсто се обврзавме пред граѓаните дека посветено, чесно, одговорно ќе работиме за повторно да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и работиме на тоа преку конкретни реформи, проекти и промени кои се клучни за рестарт на институциите и на системот, се вели во честитката од Мицкоски.
Ерата пред нас ќе биде одбележана со економски напредок и развој, правна сигурност на системот и владеење на правото што само по себе подразбира бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, иднина за сите граѓани, проекти за развој, надеж која носи позитивни промени, нови работни места, перспектива за младите и конечно обезбедување на подобар и поквалитетен животен стандард.
-Како генерација политичари, ние немаме втора шанса, и оваа шанса и доверба која ја ни ја дадовте мораме да ја зграпчиме и од истата извадиме најмногу што можеме, тоа им го должиме на сегашните, но и на идните генерации на кои мораме да им обезбедиме својата иднина да ја градат тука, зошто ни е аманет од тие пред нас. Само заедно сложни Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци можеме да градиме единство, иднина и просперитет, порачува Мицкоски.
Продолжуваме посветено да чекориме по патот на борбата за создавање на држава на среќни и задоволни граѓани. Нека е честит 11 Октомври - Денот на народното востание, стои во честитката од премиеро Христијан Мицкоски по повод 11 Октомври.
Ново на Сител
-
Меѓународниот аеродром Скопје добитник на награда за најпријатно аеродромско искуство
-
Вуди Харелсон и Метју Мекконахи можеби се браќа, веројатно ќе прават и ДНК-тест
-
Глумецот Џин Хекман и неговата сопруга починале од природна смрт
-
Ќерката на Моника Белучи, по манекенството, влезе во светот на глумата
-
За седум дена санционирани 142 непрописно паркирани возила во Центар
-
Приведено лице во Штип, управувало возило со брзина од 151 км/h на место каде е дозволено 80 km/h
-
Без струја утре дел од општините Аеродром,Кисела Вода и Студеничани
-
Трамп најави купување на нов автомобил Тесла во знак на поддршка за Илон Маск