Мицкоски: Овие избори се шанса за промена
Ниту еден збор не кажуваат што направија изминативе четири години кандидатите на СДСМ, само критикуваат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Виница.
Тој рече дека по 17 октомври Заев го чека голем пораз, а по тоа следи нова влада и одговорност за стореното во изминатите 4 години.
-Кога би можел сега да имам некоја временска машина и да го вратам оној наш последен дуел и на прашањето што би му порачале на Зоран Заев би му кажал извади го тефтерот, извади го календарот и прочитај колку години си власт. Заборава дека тој и неговите мали зоранчиња четири години не пустошат, а она што најмногу умеат да го прават тоа е да крадат и да лажат, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека тоа е она кое најдобро го прават, крадење и лажење.
– И затоа нивната кампања е тоа што не треба, да биде кажуваат во што се најдобри. Да, најдобери се во крадење и лажење. Македонија е најкриминалната држава со најкорумпирани политичари. За 30 години независна држава најдоби се во крадење и лажење. Народот никогаш не живеел полошо. Минатата година литар зејтин беше 67 денари, оваа година литар зејтин е 97 денари. Млекото беше 45 денари, оваа година е 55 денари. Лани килограм брашно беше 34 денари сега е 40 денари. И дали народот живее подобро? Не, народот никогаш не бил посиромашен, кажа Мицкоски.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ овие избори се шанса за промена. – Сега е време за победа и да го направиме спротивното што е правено во последните 30 години, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница