Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина

Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.
Победата на нивниот кандидат во Кичево, рече, е доказ дека Македонија е дом за сите и оти победува соживотот и вербата во вредности. Ова, нагласи, е голем и важен пример колку може да постигнеме кога сме обединети.
-Вечерва Македонија повторно покажа зрелост. Победивме во Скопје, убедлива победа на Орце, победивме во скопски Карпош, во Аеродром, Чучер Сандево, рече Мицкоски.
Додаде дека победил и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница.
-Беше жилава и тешка борба, со многу предизвици се одлучуваше во пет до 12 . Знаете, не заслужува ни името да му го споменам. Тој противкандидат се обиде да профитира на националните и етничките поделби, но не успеа, поразен е, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во вториот круг од Локалните избори победиле кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Валандово, Дојран и Крушево кои досега беа водени од градоначалници од СДСМ. Победивме, рече и во Кочани, нашето Кочани кое мора да го издигнеме и поткрепиме.
-Имаме победа и во Лозово, Могила, Македонски Брод, Росоман, Ранковце, Неготино, во Чешиново-Облешово, Виница, Дебарца, Конче Демир Капија, Пробиштип. Во неколку други се пребројуваат гласовите, рече тој.
Според него особено важна е победата на нивниот кандидат во Кичево.
-Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека никој не е посилен од народот. Но, и покажавме што можеме кога сме обединети. Таму соработувавме различни вери, различни припадности, против оние кои го влечеа градот надолу. Ова ја отвора вратата дека може да се обединиме Македонци , Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи Бошњаци, останати, христијани и муслимани, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите околу вредностите во онаа политика која им е потребна на граѓаните, рече Мицкоски.
На ова додаде, треба да работиме.
-Победи соживотот и вербата во вредности. Ова е голем и важен пример колку може да постигнеме кога сме обединети. Победи идејата дека Македонија е дом за сите, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Вицепремиерот и министер за европски прашања Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром
-

18-годишно момче донесено без знаци на живот во Гостивар
-

Израел и САД значително ќе ги зголемат нападите врз Иран, изјави израелскиот министер за одбрана
-

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот закон за заштита на природата
-

Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век
-

Во Мајами пристигна украинска делегација за разговори со САД
-

Техеран демантира тврдења на Вашингтон: Немаме залихи на нафта во меѓународни води
-

Претседателот на Уставиот суд Костадиновски на средба со неговиот српски колега Петров
