Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
„Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог. Да не дозволиме минатото да се повтори. Нека споменот на жртвите биде вечен, напиша денеска на социјалната мрежа Фејсбук претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој присуствувал на настан во Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
-Денес стоиме со почит, тага и надеж, сеќавајќи се на жртвите од Втората светска војна и трагедијата на Холокаустот, која не ја одмина ниту Македонија. Над 7.000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и култура беа насилно прекинати.
Но, историјата не е само спомен, таа е лекција. Нашата обврска е да ја зачуваме вистината, да се спротивставиме на заборавот и да градиме општество засновано на толеранција, правда и меѓусебно почитување, напиша на Фејсбук претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој денеска присуствувал на настан во Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
На настанот освен првите луѓе на Меморијалниот центар и припаднции на еврејската заедница во Северна Македонија присуствувале и поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов, Љупчо Димовски вицепремиер и министер за политички систем, пратеничката Рашела Мизрахи и други.
Ново на Сител
-
Албанците најбројни во англиските затвори, главно осудени за трговија со дрога
-
Лина Ѓорческа стартуваше со победа на ИТФ турнир во Унгарија, Ивановски во Хрватска
-
Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста
-
Совети за долготрајност на батеријата кај паметните телефони
-
Британските власти работат на побрзи одобренија за лабораториски произведена храна
-
Анчелоти го пофали Мбапе за голот против Рајо Ваљекано
-
Русија протерала двајца британски дипломати под обвинение за шпионирање
-
Далас со само седум кошаркари го заврши натпреварот со Феникс, повредите продолжуваат да ги мачат Маверикс