Македонија
29. October 2021 - 15:59

Мицкоски: Никогаш нема да го разочарам својот народ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави видео во кое ветува дека никогаш нема да го изневери својот народ и порача дека новата иднина доаѓа.

-Подготвен сум да ја платам секоја цена затоа што народот е нашата сила, а ние неговата. Затоа што новата иднина е нашиот сон од кој нема да се откажеме. Еве ви кажувам, нема никогаш да го разочарам овој народ кој во срцата носи јад, болка, разочараност, но и повторно раѓа надеж за промени. Ова е наша битка, напиша Мицкоски на Фејсбук