Македонија
11. јуни 2022 - 16:41
Мицкоски: Не прифаќаме услови од Бугарија во преговарачката рамка
Ако СДСМ и ДУИ направат штетен договор со Бугарија, идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Канал77 уште еднаш ја предупреди власта, Договорот со Бугарија да не го става во преговарачката рамка.
Христијан Мицкоски прави штета, ги поткопува македонските позиции во однос на Бугарија и ја руши државната стратегија, порачаа од СДСМ критикувајќи го дека на Конгресот на ЕПП ги поддржал позициите на Бугарија. Порачуваат дека нема да дозволат деструкциите на опозицијата да бидат пречка за Македонија.
Македонија се наоѓа на една недела пред самитот на ЕУ на кој се исчекува одлуката на Бугарија околу ветото за старт на преговорите. Актуелната ситуација во Софија не остава простор за голем оптимизам.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
